Голема петка за Олимпија на „Трофеј шампиони боречки легенди“ во Радовиш

Голема петка за борачите на Олимпија на Меѓународниот турнир во борење „Трофеј шампиони боречки легенди“ во организација на БК Бучим од Радовиш, затоа што освоија пет златни медали и е најуспешна екипа, при што додадоа и едно сребро и пет бронзи.

На турирот учествуваа екипи од Грција, Бугарија, Косово и скоро сите екипи од Македонија.
Први места ги освоија:
33кг Мартин Милев;
38кг Леон Стојанов;
40кг Андреа Нисева;
48 кг Александар Миланов;
52 кг Никола Трајчев;
Второ место:
27 кг Давид Јанакиев;
Трети места:
33кг Дарко Коцев;
38кг Димитар Панов;
52 кг Давид Миленовски;
60кг Мелани Митевска;
36 кг Анастасија Трајчева.

„Освоените 11(единаесет) медалји се одличен резултат за Олимпија, бидејќи сите борачи кои настапија денес ги одработија поставените задачи и задоволија со прикажаните борби. Продолжуваме понатаму, веќе во четврток не очекува новогодишен турнир во Ќустендил на кој учествуваат нашите најмлади борачи“, велат од Олмпија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО