Кличко го испитува теренот за враќање

67

Повторно излегоa на површина шпекулациите дека Владимир Кличко планира враќање во рингот, откако пензионираниот боксер се обрати до фановите преку Твитер да гласаат со кого би сакале да го видат во рингот.

Приврзаниците на Кличко можеа да гласаат за Ентони Џошуа (30) и Дионтеј Вајлдер (34) или Тајсон Фјури (31). Од она што може да се види во анкетата, најголемиот дел од гласовите беа за Фјури.

По десетгодишното владеење на 28 ноември 2015 година сензационално загуби на поени од Тајсон Фјури. До реванш не дојде, бидјеќи Фјури двапати го откажа поради наводна повреда, иако имаше проблеми со алкохолот, дрогата и психичката состојба. Кличко се сретна со Џошуа и пак загуби со технички нокаут во 11-тата рунда.

И порано и сега се спомнува висока сумана пари за Кличко ако реши да се врати. ДАЗН е подготвен да плати и до 80 милиони евра за неговото враќање за шампионскиот појас во тешка категорија.