Џошуа му шепна на Руиз дека нешто намерно направил

Ентони Џошуа го совлада Енди Руиз и си ги врати шампионските појаси во тешка катеорија.

Тој доминираше во сите 12 рунди и уверливо ја доби борбата на бодови, а веднаш потоа Руиз изрази желба за реванш.

Според правилата кои против официјалните предизвикувачи налагаат дека мора да се брани појасот и третата борба ќе мора да причека уште малку, а во рингот ЕЏ имаше интересно ветување за Мексиканецот.

„Ќе одиме и во третиот меч, бидејќи многу сакам да се борам. Ова го направив само за да можеме да направиме триолоија. Наредниот пат ќе одиме во војна“, му вети Џошуа на Руиз.

Сепак, пред Руиз шанса добија и предизвикувачите од ВБО и ИБФ, Александар Усик и Кубрат Пулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО