Home Blog Page 3227

Неделковска: Очекуваме висок пласман на ЕП

Македонската кик бокс репрезентација интензивно се подготвува за сениорското Европско првенство од 18 до 26 октомври во Билбао, Шпанија, во ринговни дисциплини-лоу кик, К-1 и фулконтакт.

kik boks reprezentacija na RM

Селекторот Дејан Митровски за ова ЕП ги одбра Ненад Манојловски, Димитар Георгиев, Љупче Коцев, Мики Ивановски, Александар Најдовски и Александар Димовски. Ивановски ќе настапи во К-1, останатите во лоу кик.

Подготовките се изведуваат во Скопје под водство на тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски.

„Очекуваме висок пласман на ЕП, бидејќи имаме искусна екипа“, вели Александра Неделковска, претседател на Кик бокс федерацијата на Македонија, и додава дека во составот е двократниот светски првак Димитар Георгиев, кој 2011 година и 2013 година во Скопје и Анталија стана светски шампион.

Бекавац доживеа брутален нокаут од Прачни

0

Хрватот Стипе Бекавац, кого јавност од регионот го познава по учеството во реалното шоу „Големиот брат“ во 2007 година, претрпе брутален нокаут на боречкиот спектакл на ФФЦ 14 во Љубљана.

FFC 14 Ljubljana 2

Четиринаесетото издание на Фајнал фајт шампионатот уште на почетокот понуди неколку атрактивни борби, една од најатрактивните, а и најкратка, беше онаа меѓу Стипе Бекавац и полскиот борец Марцина Прачни.

Иако Бекавац (31) важеше за фаворит во делот на ММА програмата, тој тешко настрада уште во првата рунда против намрштениот Полјак, кој од првата секунда тргна бескомпромисно.

Нетипично за неговиот стил на борење, Бекавац се обиде во почетокот на првата рунда борбата да ја спушти на партер, но Прачни успева да го преврти и да го доведе во тешка позиција во партер. Буквално, да го избомбардира со десното колено во глава.

Тоа беше класичен нокаут. По четири примени удари со колено во глава Бекавац остана неподвижен да лежи неколку минути. Сепак, за среќа се крена, целиот со модринки и отоци и присуствуваше на прогласувањето.

Резултати, ММА борби

Антун Рачиќ-Леми Лрушиќ – со едногласна одлука на судиите

Марцин Прачни-Стипе Бекавац – КО, во првата рунда

Томислав Спаховиќ-Шандор Окрос – со едногласна одлука на судиите

Лука Јеллчиќ-Ласло Бенко – КО, во прва рунда

Павел Дорофтеи-Елиа Мадо – со присилба на предавање, во прва рунда

Владислав Канчев-Ласло Бенко – КО, во прва рунда

 

Кик бокс

Само Петје-Тео Микеллиќ – КО, во прва рунда

Денис Чорчип-Џенан Потураки – КО, во прва рунда

Миран Фабјан-Бобан Крушиќ – со едногласна одлука на судиите

Валентин Рибалко-Мурад Туноти – со едногласна одлука на судиите

Иван Балиќ-Алан Карцевски – со мнозинска одлука на судиите

Васил Дуцар-Милош Ивас – КО, во прва рунда

 

 

 

Јaкупи број еден во Карате 1 Премиер лигата

Во најновата ранг листа Карате 1 Премиер лигата нашиот каратист Берат Јакупи во категоријата до 84 килограми убедливо води со 1292 поени пред Италијанецот Нело Маестри (920) и Гркот Михаил Цанос (832).

карате
Број еден

Водечката позиција на Јакупи се должи на првото место во Ханау, Германија. На големото финале на Премиер лигата во Салзбург нашиот репрезентативец влегува со најголеми шанси да го освои златниот медал. Со тоа би станал број еден каратист во светот во Лигата. Тоа ќе биде голем успех за македонското карате.

Од друга страна, Жарко Арсовски ќе се бори да ја сочува третата позиција, а европскиот прваки Емил Павлов ќе мора да даде се од себе за да биде трет во конечниот пласман.

Во кати во јуниорска конкуренција за жени сестрите Мишела (198) и Маријана (174) Димоски ќе се борат за бронзениот медал, од третата и четвртата позиција. На првите две позиции се Италијанките Терјана д Онфорио (318) и Лиса Пиви (258).

 

Мажи, борби – 84 кг

  1. Берат Јакупи – Македонија 1292 поени
  2. Нело Маестри – Италија 920
  3. Гркот Михаил Цанос – Грција 832

+ 84 кг

  1. Енес Еркан – Турција 1144
  2. Иман Санчоли – Иран 822
  3. Жарко Арсовски – Македонија 660
  4. Ридван Каптан – Турција 648

– 60 кг

  1. Лука Мареска – Италија 1112
  2. Амир Мади Задех – Иран 944
  3. Даглас Бросе – Брасил 752
  4. Емил Павлов – Македонија 710

– 67 кг

  1. Доме Сегеди – Унгарија 990
  2. Ивс Маршал Тадиси – Унгарија 870
  3. Редуан Кусексу- Мароко 832

Кати

  1. Ву Дук Мин Дак – Франција 1488
  2. Исеи Шимбаба – Јапонија 1042
  3. Дамиан Уго Кинтеро – Шпанија 1032

 

Жени, борби -50 кг

  1. Александра Рекија – Франција 1352
  2. Серап Озчелик – Турција 1112
  3. Бетина Планк – Австрија 862

 

-55 кг

  1. Мики Кобајаши – Јапонија 1654
  2. Сара Кардин – Италија 1206
  3. Туба Јакан – Турција 952

 

-61 кг

  1. Луси Игнас – Франција 1024
  2. Анита Серогина – Украина 1006
  3. Лусил Бретон – Франција 720

 

-68 кг

  1. Инга Шерозија – Русија 930
  2. Пега Кракоти – Иран 902
  3. Сониа Формажер -Франција 712

 

+68 кг

  1. Фани Клавин – Швајцарија 960
  2. Надеж Аит Ибрахим – Франција 848
  3. Малтем Хочаоглу – Турција 656

Кати

  1. Терјна д Онфорио – Италија 1190
  2. Санди Скордо – Франција 1168
  3. Хоанг Нган Нгујен – Виетнам 986

Денес во Љубљана ќе се доделат првите титули во ФФЦ

0

Вториот дел од сезоната на ФФЦ 2014 беше отворен ФФЦ Фјучерсот 3 минатиот викенд во Загреб, на којучествуваа и претставници од Македонија, а Виктор Стојанов (-77 кг) во ММА стигна до полуфиналето.

Telop-FFC14-ljubСепак, на ред е нова претстава од главната серија од ФФЦ-те претставувања. Оваа хрватска организација по трети пат се навраќа во Љубљана, на некој начин ќе се испишува историјата со воведувањето на првите мечеви за титулата првак на ФФЦ Фјучерсот.

ММА како дел од ФФЦ го предводат Леми Крушич и Антун Рачиќ во категоријата до 66 килограми, додека во кик бокс главни ѕвезди се Само Петје и Тео Микелиќ во категоријата до 70 килограми. На програмата има уште дестет мечеви, доволна причина да се биди во салата Тиволи во Љубљана.

Вечерва во Тиволи ќе настапат, кик бокс:

Милош Ивас-Васил Дуцар,  -95 кг

Алан Карчевски-Иван Билиќ, -77 кг

Маурад Туноти-Валентин Рибалко, -70 г

Боба Крушиќ-Миран Фабјан, -83 кг

Џенан Потурак-Денис Чорчип, -91 кг

Само Петје-Тео Микелиќ, -70 кг – инагуративен меч за титула;

ММА:

Ласло Бенко-Владислав Канчев, -77 кг

Иван Скоко-Павел Дорофтеи, -84 кг

Лука Јелчиќ-Елиа Мадау, -70 кг

Томислав Спаховиќ- Шандор Окорос, -93 кг

Леми Крушиќ-Антун Рачиќ, -66 кг- инагуративен меч за титула.

 

 

„Маваши“ во Драчево

По дванаесети пат во сабота ќе се одржи меѓународниот карате турнир „Маваши опен 2014“ во населбата Драчево во Скопје. Ќе се одржат натпревари во киумите и кати. Турнирот го организира КК Маваши од истоимената населба, а под водство на сенсеи Димче Савевски.

Ренесанса на реалното аикидо во Кочани

 

Реалното аикидо е многу застапено во поголемите градови во Македонија, што не е случај со помалите, како Кочани. Оттаму се роди идејата за дисперзирање на клубот, да не биде само Скопје центарот на сите збиднувања.

Nikiollco 3

Од неодамна во Кочани работи клубот за реално аикидо „Нико“, кој претставува освежување на спортската сцена во градот, ако се има во предвид дека борењето и каратето се со долгогодишна традиција. Клубот го води Николчо Гоцев, носител на мајсторски појас втори дан во реално аикидо и први дан во карате. Инаку то е магистер по градежништво.

Првите чекори во реалното аикидо ги прави во КРА,,Ирими Наге” кај мајстор Марјан Трајковскина (4-ти дан) во 2001 година. Мајстор по реално аикидо станува 2007 година, полагајќи пред мајсторот Радојца Спасовиќ (8-ми дан). Во 2006 година преминува во новоформираниот клуб за реален аикидо КРА „Кеико“ од Скопје, кој е под водство на Јордан Христовски (3-ти дан) и Влатко Мишов (2-ри дан). На 9 мај 2012 година се формира клубот за РА „Нико“ со постојани тренинзи во  студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје и во ОУ „Д.П.Ѓ.Беровски“ во населбата Ѓ.Петров во Скопје. Во февруари 2014 година клубот се проширува и во Кочани, каде што работи во новата сала на ОУ „Никола Карев“.

Во брегалничкиот, па да не речам и во источниот дел на Македонија, нема многу аклубови за реално аикидо. Што ве мотивираше да отворите клуб во Кочани, ако се има во превид дека борењето и каратетото се традиционални спортови во градот со големи успеси? Имали ли таленти во Кочани и какви резултати може да се очекуваат?

Кочани е расадник на таленти во сите спортови, особено во борењето и каратето. Тој талент постои и мора да се искористи, за да можат да се полнат салите во Кочани, и воопшто, во цела Македонија. Реалното аикидо е многу застапено во поголемите градови во Македонија, што не е случај со помалите, како Кочани. Оттаму се роди идејата за дисперзирање на клубот, да не биде само Скопје центарот на сите збиднувања.

Nikiolco 4

Колку што ми е познато се уште ги одржувате врските во Скопје. Како се снаоѓате на оваа релација? Кој ви помага?

Кога се сака се се може. За секоја работа треба да постои љубов. Мора да ја сакаш работата што ја работиш за да постигнеш видливи резултати.

Како е прифатено аикидото во градот на оризот? Кои се Вашите очекувања?

По еден месец од отворањето на клубот за реален аикидо имаше голем интерес од страна на граѓаните. Интересот за овој спорт расте од ден на ден. 

Nikkolco so ucenicite

Колку членови брои клубот?

Севкупно, низ клубот, од неговото формирање до сега, се имаат зачленето над 370 членови. Во моментот активни вежбачи се околу 90 члена од различни возрасти, односно има членови од претшколска возраст, па до највозрасни. Вештината што ја изучуваат не е насилна и агресивна, туку се користи само за самоодбрана, во случај да бидат нападнати.

Angela

Има ли прашања зошто реално аикидо а не аикидо? Или, ова е како џудото?

Реалното аикидо претставува стил на аикидо, којшто го оформил Љубомир Врачаревиќ, аикидо мајстор 10 дан.Тоа е практична и ефикасна вештина за самоодбрана која што ги применува супериорните одбранбени техники засновани врз законите на природата. Карактеристична е примената на атеми ваза (збунувачки удари) во виталните точки, коишто служат за свртување на вниманието на противникот, што е сосема доволно непречено да се заврши техниката. Својата кулминација реалното аикидо ја достигнува при одбрана од повеќе напаѓачи. Основна карактеристика е константно, флуидно и рационално движење, со изведување на ефикасни техники коишто овозможуваат многу сигурна и квалитетна самоодбрана.

Примената на оваа комплексна вештина ја зајакнува концентрацијата, координацијата, волјата, решителноста, самодовербата, се зголемува отпорноста на стрес и слично. Основна поставка на реалното аикидо е ефективно да се совлада противникот, а притоа физички да не се повреди. Меѓутоа, во случај на таква потреба, може да биде и многу опасно оружје

Nikollco so majstori 2

ipon.mk/Венцо Донев

 

 

 

 

Џудо турнир во Прилеп

Во недела (5 октомври) ќе се одржи 6-от традиционален меѓународен џудо турнир „Прилеп-Град Херој-2014“ за јуниори и пионери.
plakata Seisin
 Турнирот е во комплетна организација на џудо клубот „Сеишин“- Прилеп, во координација со Џудо федерацијата на Македонија. На ова натпреварување се очекува учество да земат најмалку 200 натпреварувачи од околу 20 клубови од  Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово.
За сите љубители на овој спорт влезот слободен.
ipon.mk/ В.Д.

 

Форца, Фунакоши Гичин и Урбан инвест најуспешни на Струга опен

Најмногу медали на турнирот на единаесетиот „Струга опен 2014“, што се одржа викендов, освои Форца од Скопје (12 златни, 4 сребрени и 4 бронзени), потоа следуваат Фунакоши Гичин од Скопје (8- 3- 2) и  Урбан Инвест од Кавадарци (7- 8- 7). Вкупно 35 клубови се закитија со по некој медал од Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. На натпреварот учество земаа 403 натпревар.

Struga open struga 3struga 4

 

 

Македонија на џиу џицу турнир во Сараево

Деветмина натпреварувачи од Македонија ќе настапат на претстојниот турнир во џиу џицу во Сараево, Босна и Херцеговина, известуваат од Македонската џиу џицу федерација.

dziu dzitsu

Турнирот на 4 октомври. Боите на Македонија ќе ги бранат: Иван Трпковски, Виктор Велинов, Владимир Доневски, Александар Трајковски, Александар Илиевски, Никола Бошковски, Кирил Иванов и Александар Антониевски.

Од Македонската џиу џицу федерација се надеваат дека ќе се закитат и со неколку медали.

 

Се појави од никаде и стана светска атракција (ВИДЕО)

0

Новата ѕвезда во перолесна категорија преку ноќ го освои светот на боречките вештини. Конор „Ноториус“ Мек Гергор во низа има 12 победи, а четири откако помина во УФЦ. Претседателот на најпознатата ММА организација Дан Вајт го прогласи за чудо какво што ретко се гледа.

Conor Notorius

Вајт почна да го фали 26 годишниот ирскии рабивач по величенствената победа против Дастин Поириера на УФЦ 178.

Контроверзниот претседател на УФЦ отиде толку далеку што Мек Грегор го спореди со Брок Леснар и Георг Ст. Пијер.

„Конор Мек Грегор е вистинската работа. Тој е сила што никогаш не сум ја видел. Поголем е од Брок Леснар кога беше овде. Поголем е од којбило борец што го имавме. Да, поголем е и од ГСП. Никогаш не сум видел вакво нешто“, изјавил Дан Вајт, додавајќи декиа вакво нешто баш и не се гледа.

„Не гледате дека некој туку така ќе се појави и ќе направи таков удар, а да не бил ниту меѓу првите десет“, пренесува Фајт сајт.

 

 

 

 

 

 

 

IPON