Ренесанса на реалното аикидо во Кочани

 

Реалното аикидо е многу застапено во поголемите градови во Македонија, што не е случај со помалите, како Кочани. Оттаму се роди идејата за дисперзирање на клубот, да не биде само Скопје центарот на сите збиднувања.

Nikiollco 3

Од неодамна во Кочани работи клубот за реално аикидо „Нико“, кој претставува освежување на спортската сцена во градот, ако се има во предвид дека борењето и каратето се со долгогодишна традиција. Клубот го води Николчо Гоцев, носител на мајсторски појас втори дан во реално аикидо и први дан во карате. Инаку то е магистер по градежништво.

Првите чекори во реалното аикидо ги прави во КРА,,Ирими Наге” кај мајстор Марјан Трајковскина (4-ти дан) во 2001 година. Мајстор по реално аикидо станува 2007 година, полагајќи пред мајсторот Радојца Спасовиќ (8-ми дан). Во 2006 година преминува во новоформираниот клуб за реален аикидо КРА „Кеико“ од Скопје, кој е под водство на Јордан Христовски (3-ти дан) и Влатко Мишов (2-ри дан). На 9 мај 2012 година се формира клубот за РА „Нико“ со постојани тренинзи во  студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје и во ОУ „Д.П.Ѓ.Беровски“ во населбата Ѓ.Петров во Скопје. Во февруари 2014 година клубот се проширува и во Кочани, каде што работи во новата сала на ОУ „Никола Карев“.

Во брегалничкиот, па да не речам и во источниот дел на Македонија, нема многу аклубови за реално аикидо. Што ве мотивираше да отворите клуб во Кочани, ако се има во превид дека борењето и каратетото се традиционални спортови во градот со големи успеси? Имали ли таленти во Кочани и какви резултати може да се очекуваат?

Кочани е расадник на таленти во сите спортови, особено во борењето и каратето. Тој талент постои и мора да се искористи, за да можат да се полнат салите во Кочани, и воопшто, во цела Македонија. Реалното аикидо е многу застапено во поголемите градови во Македонија, што не е случај со помалите, како Кочани. Оттаму се роди идејата за дисперзирање на клубот, да не биде само Скопје центарот на сите збиднувања.

Nikiolco 4

Колку што ми е познато се уште ги одржувате врските во Скопје. Како се снаоѓате на оваа релација? Кој ви помага?

Кога се сака се се може. За секоја работа треба да постои љубов. Мора да ја сакаш работата што ја работиш за да постигнеш видливи резултати.

Како е прифатено аикидото во градот на оризот? Кои се Вашите очекувања?

По еден месец од отворањето на клубот за реален аикидо имаше голем интерес од страна на граѓаните. Интересот за овој спорт расте од ден на ден. 

Nikkolco so ucenicite

Колку членови брои клубот?

Севкупно, низ клубот, од неговото формирање до сега, се имаат зачленето над 370 членови. Во моментот активни вежбачи се околу 90 члена од различни возрасти, односно има членови од претшколска возраст, па до највозрасни. Вештината што ја изучуваат не е насилна и агресивна, туку се користи само за самоодбрана, во случај да бидат нападнати.

Angela

Има ли прашања зошто реално аикидо а не аикидо? Или, ова е како џудото?

Реалното аикидо претставува стил на аикидо, којшто го оформил Љубомир Врачаревиќ, аикидо мајстор 10 дан.Тоа е практична и ефикасна вештина за самоодбрана која што ги применува супериорните одбранбени техники засновани врз законите на природата. Карактеристична е примената на атеми ваза (збунувачки удари) во виталните точки, коишто служат за свртување на вниманието на противникот, што е сосема доволно непречено да се заврши техниката. Својата кулминација реалното аикидо ја достигнува при одбрана од повеќе напаѓачи. Основна карактеристика е константно, флуидно и рационално движење, со изведување на ефикасни техники коишто овозможуваат многу сигурна и квалитетна самоодбрана.

Примената на оваа комплексна вештина ја зајакнува концентрацијата, координацијата, волјата, решителноста, самодовербата, се зголемува отпорноста на стрес и слично. Основна поставка на реалното аикидо е ефективно да се совлада противникот, а притоа физички да не се повреди. Меѓутоа, во случај на таква потреба, може да биде и многу опасно оружје

Nikollco so majstori 2

ipon.mk/Венцо Донев

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО