Одличен финиш на Омер Мемеди за бронзен медал на Европското првенство

Омер Мемеди освои бронзен медал на Европското првенство во борење за У-15 во Загреб, Хрватска, откако во борбата третото место го совлада Дмитро Постовји од Украина.

Мемеди храбро влезе во одлучувачкиот меч и славеше со 8-6.

Мора да се нагласи дека Мемеди извонредно се избори во репасажот, совладувајќи ги Христо Петров од Бугарија и Давид Луцков од Украина.

Ова е најдобриот резултат на макеоднски борач на ова ЕП.

Резултати – Европско првенство У-15:

-68 кг
Омер Мемеди – Константине Петријашвили (Грузија) квал. 0-10
Репасаж
Омер Мемеди – Христо Петров (Бугарија) 13-6
Омер Мемеди – Давид Луцков (Украина) 6-4
За бронза
Омер Мемеди – Дмитро Постовји (Украина) 8-6

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО