Хорхе Масвидал е сретна со принцот на Јордан

Хорхе Масвидал е далеку од родниот Мајами.

Борецот на УФЦ отпатува за Јордан, каде се сретна со принцот Талал бин Мохамед, член на јорданското кралско семејство.

57-годишниот принц Талал е помлад брат на јорданскиот крал Хусеин, како и прв братучед на сегашниот крал Абдула, што го прави 14-ти во редот за наследување на јорданскиот престол. Тој е и син на принцот Мохамед бин Талал, кој се претпоставува дека бил наследник на тронот на неговиот постар брат до 1962 година.

Масвидал е снимен на стрелиштето во дворецот и покажува како се јаде „мансаф“, традиционално јорданско и палестинско јадење, подготвено од јагнешко месо, ориз со зачини и сос направен од ферментирано суво кисело млеко.

„Имав задоволство да се сретнам со принцот Талал. Кој некогаш си помислил од борба во задниот двор ќе стигнам до средба со кралска личност“, напиша Масвидал на Инстаграм.

Последен пат го видовме Масвидал во кафезот во март оваа година. Тој загуби со одлука од Колби Ковингтон и отиде во серија од 3 порази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jorge Masvidal (@gamebredfighter)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО