Омер Мемеди ја искористи шансата во репасажот и ќе се бори за бронза на ЕП за У-15

Омер Мемеди ја искористи шансата во репасажот и со две победи обезбеди борба за бронзениот медал на Европското првенство во борење за У-15 во Загреб, Хрватска.

За бронзениот медал Омер ќе се бори против од Дмитро Поцовји од Украина.

Мемеди прво го совлада Христо Петров од Бугарија, а потоа и Давид Луцков од Украина.

Ова е најдобриот резултат на нашите борачи на ЕП.

Филип Глигоров и Халит Салиовски загубија во репасажните борби.

Резултати – Европско првенство У-15:

-48 кг
Филип Глигоров – Давит Папукишвили (Грузија) 1/8 финале 0-10
Репасаж
Филип Глигоров – Емил Хукилахти (Финска) 0-10

-52 кг
Халит Салиовски – Абдулах Накаев (Франција) 1/8 ф. 0-10
Репасаж
Халит Салиовски – Георги Тодоров (Бугарија) 0-8 (т)

-68 кг
Омер Мемеди – Константине Петријашвили (Грузија) квал. 0-10
Репасаж
Омер Мемеди – Христо Петров (Бугарија) 13-6
Омер Мемеди – Давид Луцков (Украина) 6-4
За бронза
Омер Мемеди – Дмитро Поцовји (Украина)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО