Абделазиз: Ислам Махачев ќе си игра со Чарлс Оливеира

Менаџерот на Ислам Махачев (22-1) Али Абделазиз смета дека Чарлс Оливеира (33-8) никогаш не бил шампион во лесна категорија.

Борбата за титулата во лесна категорија на УФЦ меѓу Оливеира и Махачев ќе се одржи на 22 октомври на УФЦ 280 во Абу Даби, ОАЕ.

Оливеира е во серија од 11 победи. Во последната борба го победи со завршница во првата рунда Џастин Гејџи (23-4). Борбата се одржа на 8 мај на УФЦ 274 во Феникс, САД. Чарлс падна намерењето и му ја одзедоа титулата на УФЦ, која моментално е слободна.

Махачев е во серија од 10 победи. Во последниот дуел Махачев со технички нокаут во првата рунда го совлада Боби Гријн (29-13). Битката се одржа во февруари на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас, САД.

Абделазиз е задолжен да го популаризира Махачев, но отиде малку подалеку кога рече дека Ислам е на друго ниво од Бразилецот.

„Сите велат дека Чарлс е шампион. Тој мисли дека Хабиб едноставно ќе му даде појас, за да го забележат со Махачев. Јас навистина не мислам дека Чарлс беше шампион. Со кого се бореше?

Чендлер? Мајкл има 2-2 во борбите на УФЦ. Пориер? Го почитувам Пориер, но тој загуби од Хабиб. Ислам ќе игра со него и ќе покаже дека има нивоа во оваа борба“, изјави Абделазиз во интервју за The Schmo.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО