Нови детали околу враќањето на Федор Емилијаненко

Emilijanenko udira

Се појавија нови детали околу враќањето на Федор Емилијаненко на Нова година.

Претседателот на Унијата на руското ММА, Радмир Габдулин искажа интересни факти околу подготовката на Русинот, како и за претстојниот ММА настан во Јапонија.

„Федор ги продолжува подготовките и е во одлична форма. Сега тренира во олимпиското село, заедно со својот тим. Со него се и Кирил Сеиделников, Анатоли Токов, Вадим Герман,Виктор Герман и Александар Косарев. Тој има многу добри спаринг партнери.

На 1 ноември Емилијаненко ќе замине во Амстердам, каде што ќе продолжи со тренинзите. На настанот на 31 декември ќе учествуваат и Сиделников, Валентин Молдова, Вадим Немков“.

Габдулин додаде дека противник на Федор во „Rizin Fighting Federation“ ќе биде соопштен за две недели. За сега единствениот глас за противник беше Џаидеп Синг, кој сепак не беше одобрен од љубителите на ММА.

„Јапонците рекоа дека истакнат противник меѓу 6 и 8 ноември“.

Кој сакате да го видите против Федор Емилијаненко при неговото враќање на рингот?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО