Нина Ансароф: Чувствувам дека ги добив првата и втората рунда!

Nina Ansarof so znameto

По забележителниот настап на УФЦ 195, Нина Ансароф, Македонка која живее во САД, се обрати на љубителите на овој спорт нејзини приврзаници, како и на тренерите, Дана Вајт, семејството итн…

Таа вели дека сега може да погледне наназад откако легнаа емоциите по борбата.

„Само сакам да кажам … Благодарам на сите за позитивните зборови, по прегледувњето на борбата неколку пати чувствувам дека ги добив 1-вата и 2-рата рунда, а во 3-тата бев блиску, но се отиде во друг правец. Следниот пат, кога ќе настапам, ќе работам малку повеќе за да бидам сигурна дека нема да се повтори истата ситуација!

Nina Ansarof miks slika

И се заблагодарувам на моите тренери и соборци кои беа со мене во текот на овој тренажен процес. Не сум во можност, физички, да ве земам со мене физички, но, сепак, вие се уште сте со мене. Благодарам на мојата противничка Џастин што го приреди тоа, а беше забавно. И благодарам на Аманда (Менди) која секогаш ме турка и верува во мене. Му благодарам на моето семејство, кое одвои време за да дојде до Лас Вегас да ме гледа во живо. Му благодарам на Дана Вајт за убавите зборови, и последно, но не и најмалку важно, и се заблагодарувам на сите мои фанови, на нови и на стари, кои ќе ме следат до врвот.

Јас сум далеку од тоа да направам нешто во овој спорт и ќе ги имам во предвид моите грешки, за реално да се вклучам во трката за појасот. Јас сум помотивирана од било кога“, вели Нина Ансароф!

Инаку, Нина загуби со тесен резултат од Киш на УФЦ 195 во Лас Вегас.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО