Изборите на спортист – награда или казна за европските и светските шампиони

IMG_2517

Новата година пристигна со нови можности за нови спортски  достигнувања, како новата година да биде подобра од старата со подобри резултати е прашање кое сите ние кој се занимаваме со спортот треба да си го поставиме и да дадеме свој приднес. Пред се,ова прашање се постави по неколкуте избори на спортист на годината, почнувајќи од општините до финалниот во организација на Агенцијата за млади и спорт. Многу очигледно беше дека некои работи не кореспондираат, однонсо европскиот првак го нема на општински или гратски избор, а е спортист на годината во официјалниот избор. Или, пак, зошто одредени спортисти воопшто не се најдоа во конкуренција да бидат избирани итн.

Новинарството преку следењето на настаните ги промовира спортистите како амбасадори на нашата држава. Резултатите, секако, може и треба, да бидат подобри ако навреме се воочат некои недостатоци кои влијаат на спортистите. Изборот за најдобри спортисти на Македонија кој ова година беше проследен со многу прашалници, како од спортската јавноста, така и од луѓето кои се директно вклучени во спртот. Отворените и нелогични прашања околу правиот избор на спортисти на годината базирани на спортскиот резултат бараат подетална анализа, затоа ќе започнеме од најмладите.

sportist 2015 site

Вероника Костовска е европски карате шампион во кадетска конкуренција и најдобра млада спортистка на Македонија во изборот на АМС и Сојузот на спортови на Македонија, затоа ја прашавме колку и значат овие признанија.

Емотивно сум поврзана со мојата единствена Македонија и уживам да ја сушам химната на Македонија кога освојувам први места, затоа, на глас, сите заедно ја пееме македонската химна и го вееме македонското знаме. Чуството е неопишливо и прекрасно, па затоа сакам многу пати да го повторувам. Но, исто така, и дочекот во Македонија и моето родно Скопје, како и сите овие признанија, се од огромно значење кое ми даваа повторна мотивација и желба за нови достигнувања“, исткакна европскиот шампион Костовска.

Сепак, таа беше прогласена за најдобра млада спортистка во Македонија, но во номинациите за Град Скопје нејзиното име го немаше.

„Да, тоа е точно. Но, зошто е тоа така јас не ја знам причината, затоа е задолжен мојот клуб. Мојата желба е да тренирам и да освојувам големи првенства“, категорична е Костовска.

veronika so Elvir i so samir sportist 2015

Се обративме и до тренерот на Вероника Костовска во однос на ова прашање, Елвир Куртановиќ, кој исто така е европски младински првак од ЕП 1993 година во Кардиф, Велс, и најдобар спортист за таа година.

„Грешка, пропуст, нестручност или намера или се заедно е одговорот на вашето прашање. Жално но вистинито е дека цената ја плаќаат спортистите. Како се случичило ова и како да не се повтори во иднина е прашање кое треба да се запраша Советот на Град Скопје, или поточно, Комисијата при  град Скопје, каде што претседател е Јован Лазарев (претседател на Комисијата за спорт е Алексанадар Бичиклиски, а таа Комисија бира Комисија за избор на спортист на годината).

Стандардот и критериумот за квалитет за спортски достигнувања го задржаа и го потврдија АМС и ССМ, кои и покрај пропустот на КФМ, ја номинираа Вероника Косовска за спортистка на годината и ја прогласија за „Најдобра млада спортистка“ за 2015 година. Би сакал уште нешто да додадам, ова е проблем кој подолго време е присутен кај нас, така и јас кога бев избран за Спортист на годината не бев номиниран од матичната федерација. Нема да дозволам да застанеме тука, туку ќе продолжиме напред во нови достигнувања со полна мотивација и чиста совест, затоа што досега на никого ништо не сме одзеле на неспортски и некоректен начин, надвор од спортските правила и спортските кодекси“, тврди Куртановиќ.

Jovan Lazarev

На прозивката од страна на Куртановиќ, Јован Лазарев вели:

„Градот Скопје објави оглас за избор на спортист на годината. Огласот го објави Сојузот на спортови на Македонија, кој беше технички организатор на манифестацијата. Сојузот на спортови ги собра сите пристигнати предлози и ги достави до Комисијата за избор на спортист на Скопје за 2015 година. Комисијата работеше по пристигнатите предлози. Во тие предлози ја немаше Вероника Костовска. Пропустот е во нејзиниот клуб кој не ја предложи Вероника. Комисијата брои 9 члена и работи тимски и со гласање. Поединецот нема влијание. Комисијата не може да гласа ако нема предлог“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО