На Павлов и Арсовски не им пречи времето!

Emill i Zarkko

Шампионите тренираат шампионски. Ниту времето не ги спречува во утринските часови да вежбаат на кејот на реката Брегалница во Штип.

emill zarkko e devojakk

Европскиот шампион, Емил Павлов и Жарко Арсовски, победник во Карате 1 Премиер лигата, придружувани од Бети Монева, сите од карате клубот Штип, секое утро вежбаат на отворено. Но, во зависност од како се слободни, така им се придружуваат и другите членови на клубот.

Emill i zarko 2

Ова се почетоk на подготовките за новата сезона, бидејќи во јануари стартува Карате 1 Премиер лигата во Париз, а во март е Европското сениорско првенство во Истанбул, Турција, како и Европските Олимписки денови во Баку, Азербејџан, во јуни.

„Тренираме по два пати на ден, минимум по час и половина. Најпрво, ова се подготовки за државното, па за Премиер лигата, а уште сега почнуваме да се спремаме за ЕП“, изјави европскиот шампион Павлов.

ipon.mk/В.Д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО