УФЦ и Рибок потпишаа договор, борците добиваат униформи!

ufc publlika

Она, за што долго време се зборуваше, сега доби и официјална потврда. УФЦ потпиша договор со спортскиот бренд Рибок, што може значително да влијае на идните односи на многу спонзори и борци.

 УФЦ и Рибок објавија дека потпишале шестгодишен договор за соработка, кој ќе стапи на сила во јули следната година. Парите што ќе пристигнат во УФЦ од Рибок ќе се распределуваат меѓу борците кои ќе продолжат да ја носат единствената униформа. Ова значи дека веќе нема да бидат во можност да ги носат имињата на нивните спонзори на маиците и панталоните, но нема да им биде дозволено да имаат дури и постери, кои ги претставуваат нивните тимови обесени во кафезот. Секој борец под договор е должен да ја носи униформата на УФЦ.

 „Рибок и УФЦ заедно ќе го променат овој спорт. Такво нешто не се случило во боречки вештини. Рибок ќе биде ексклузивен светски добавувач за УФЦ и ова ќе биде најголемото партнерство што го договоривме ние, со исклучок на оние за ТВ правата“, рече Лоренцо Ферита.

 Кога е во прашање распределба на средствата најмногу ќе добијат најдобрите, така што тековната позиција на ранг-листата во одделни категории ќе биде многу важно да се искористи како дел од овој колач. Борците ќе заработуваат и од продажба на нивните уникатни униформи, а пензионираните треба да добијат 20 отсто од продажбата на производи со нивното име.

 „Без разлика дали се на врвот или на дното, борците сега ќе знаат дека во секое време ќе бидат платени. Вие имате спонзор“, рече претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО