Лоулер: Сакам да излезам без модринка

lawler hendricks

УФЦ 181, кој ќе се одржи ноќта во сабота спрема недела на 7 декември, го носи возвратниот натпревар во борбата за титулата во полусредна категорија меѓу Џони Хендрикс и Роби Лоулер.

 Во својот прв натпревар, кој се одржа во март оваа година Хендрикс славеше со едногласна одлука на судиите. Лоулер е решен да ја освои титулата. Во тоа е убеден и смета дека во тоа ќе му помогнат добрите подготовки.

„Претходно, во текот на мојата кариера имав многу повреди. Моите тренери направија одлична работа и ме сочуваа здрав и подготвен. Тоа е процес на учење . Можете да дознаете како да се чувате вашето тело здраво и како здрав да влезеш во мечот. Се разбира, треба да имаш малку и среќа“, рече  Лоулер за ММА часот.

 По првата борба Лоулер и Хендрикс заработија бонуси за борба на ноќта и секако на сите навивачи би сакале и овој меч да биде на тоа ниво.

 „Сакам овој натпревар да оди само во еден правец. Не сакам да заработам какви било удари и модринки. Сакам да влезам во октагонот и целосно да ја диктирам борбата во сите правци и да се излезам надвор на истиот начин како и што дојдов. Ќе барам начин да доминирам и да ја диктирам на борбата во мојата насока“.

 На УФЦ 181 ќе ја гледаме и борбата за титулата во лесна категорија, во која ќе се сретнат Ентони Петис и Гилберт Мелендез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО