АктуелноБоксОстанато

Мухамед Али идната недела може да биде испуштен од болница

Muhamed so kerka mu

Легендарниот американски боксер Мухамед Али, кој беше примен во болница на 21 декември со воспаление на белите дробови, брзо се опоравува и може да биде испуштен уште наредната недела. Ова го соопшти неговата ќерка Лејла Али, а ја пренесе агенцијата ЕФЕ​​.

„Многу луѓе ми поставуваат прашања за состојбата на татко ми. И можам да кажам дека работите се одвиваат многу добро“, рече Лејла Али, која додаде дека 72 годишната боксерска легенда исто така имал и лесна пневмонија.

Во 1999 година Мухамед Али е избран за спортист №1 на векот, а од 1984 година му е дијагностицирана паркинсонова болест.

Во својата професионална кариера Мухамед Али има 61 борба, 56 победи (37 од нив со нокаут) и претрпе пет порази. Олимписки шампион од 1960 година, неговото име одамна е синоним за овој спорт .

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON