МТФ: „Таеквнодо за секого“ промовиран во ОУ „Климент Охридски“ (ФОТО)

taekvondo-za-sekoe-dete-vo-ou-site

Македонската таеквондо федерација (МТФ) втора година по ред започна со реализација на проектот „Таекводно за секого“ со поддршка на Агенцијата за млади и спорт во висина од 40.000 денари.

taekovnod-vezbaat-deca-od-ou

„Целта на проектот е децата од основните училишта да се запознаат со овој олимписки спорт, кој во нашата земја има долга традиција, а во последниве неколку години бележи и одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Најсвежи се одличните настапи на нашата репрезентација на неодамна завршеното Балканско првенство, каде освоивме вкупно 13 медали, од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција“, велат од МТФ.

taekvnod-demonstracija-za-deca-ou
Промоцијата на проектот се одржа во спортската сала на ОУ “Климент Охридски” во населбата Бутел во Скопје, на која присуствуваа и директорот на АМС, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.

spaseski-i-latinoski-na-taekvondo

Претседателот на МТФ, Борче Костовски најави дека во секое одделение од ова училиште ќе се одржи еден училишен час по таекводно, од страна на лиценцирани тренери,а ќе бидат присутни и репрезентативци кои заедно ќе тренираат со децата. Во следниот период ќе бидат посетени 10 основни училишта на територијата на Скопје, во насока на промоција и афирмација на овој спорт.
Директорот на АМС, Спасески ја поздрави иницијативата на МТФ и порача дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со поддршката на сите проекти кои ќе значат популаризација, омасовување и развој на македонскиот спорт.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО