Боксерот без пораз почина по нокаут во рингот

majk-tauel

Обилно крварење и оток на мозокот беа фатални по животот на Мајк Тауел (25) кој во професионалната кариерата немаше ниту еден пораз во 12 борби.

Крварење во мозокот по нокаут во петтата рунда во борбата со Дејл Еванс беше фатално за него.

Шкотскиот боксер беше итно префрлен во болница, откако остана без свест за време на квалификацискиот меч за титулата во велтер категорија во Глазгов, но и покрај напорите, сепак, лекарите не успеаја да му го спасат животот.

Таеул заврши на под во рингот и во првата рунда меѓутоа успеа да стане и да продолжи што не се случи и во средишниот период на борбата.

Веднаш заврши во болница каде беше приклучен на апарати што семејството вчеравечер реши да ги исклучи. Боксерот уште 12 часа потоа ја водеше најтешката битка во животот што претпладнево ја загуби.

„Мајк претрпе обилно крварење и оток на мозокот. Во последните неколку недели се жалеше на главоболки и мигрена, но не обрнувавме премногу внимание на таквите симптоми за кои мислевме дека се последица на стрес“, стои во соопштението потпишано од неговата девојка Клои Рос.

Мајк Тауел до кобната вечер и борба немаше пораз во професионалната кариера. Во рингот влезе 12 пати, како победник излезе во 11 наврати, а еден меч заврши со нерешен исход.

„Кога ги иклучија апаратите Мајк издржа уште 12 часа. Се бореше уште 12 рунди и нè направи горди. Замина правејќи го она што најдобро знаеше“, наведе неговата девојка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО