Со 19 медали македонската кик бокс експедиција најдобра на „Сараево опен 2016“

kik-boks-ekspedicija-sarevo-open-2016

Македонските кик боксери на 7. Меѓународен кик бокс куп ,,Сараево опен“ освоија 19 медали – 8 златни, 6 сребрени и 5 бронзени, во конкуренција на 189 кикбоксери од 4 земји и повеќе од 54 клубови .

Значајно е што девет медали се во сениорска конкуренција на Димовски, Ракипи, Кубин, Манолојсвки, Тодорова, Ѓоргиев, Јордановски, Наковски и Стаменковска.

viktorija-varadinova-so-dve-zlata-saraevo-2016

Македонскaта експедиција која броеше 18 натпреварувачи е прогласен за најдобар на Купот, а младата и перспективна Викториј Варадинова од КБК Гладијатор од Штип е прогалсена за најдбра кадетка. Варадинова настапи во 2 дисциплини кик лајт и лоу кик и освои две злато.

За кик боксерите „Сараево опен“ беше проверка пред престојното Европско првенство во Марибор, Словенија  од 22 до 30 октомври.

viktorija-so-drugi-mladi-medalisti

Освојувачи на медали:

 лоу кик

златни

1.Слаѓан Димиќ -67кг јуниор

2.Викторија Варадинова -67 кг постар кадет

сребрени

3.Александар Димовски +91 кг сениор

бронза

4.Елмаз Ракипи -71 кг сениор

кик лајт

златни

5.Јован Ѓошев -20 кг деца

6.Викторија Варадинова -65 кг постар кадет

7.Филип Ризов -57 кг јуниор

8.Стефан Сандев -69 кг јуниор

9.Димитар Ѓорѓиев -79 кг сениор

10.Столе Јордановски +94 кг сениор

сребрени

11.Блаже Главев -20 кг деца

12.Славче Арсов -71 кг јуниор

13.Филип Наковски -84 кг сениор

14.Милан Кубин -91 кг сениор

15.Стефани Тодорова -60 кг сениор

бронзени

16.Јована Арсова -50 кг постар кадет

17.Мимоза Стаменковска -60 кг сениор

18.Ненад Манојловски -69 кг сениор

19.Елмаз Ракипи -71 кг сениор

Ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО