Може да нема реванш меѓу Фјури и Кличко?

klicko -fjuri poz

Тајсон Фјури излезе со нова изјава, шокирачка за љубителите на боксот, дека може да нема реванш-борба меѓу него и Владимир Кличко или да се одржи налето.

Фјури во првата борба лесно славеше над Украинецот, а потоа, Британецот доби понуда за реванш која ја прифати, но под еден услов – борбата да биде на стадионот „Вембли“. Но, тој сега вели дека нема никакви информации за неа и дека ќе соопшти сѐ кога ќе дознае нешто повеќе.

„Нема никаков датум, не се знае кога ќе биде борбата и дали воопшто ќе биде. Многу веројатно, ќе боксуваме пред лето. Јас уште немам започнато да се подготвувам и не размислувам на таа тема затоа што никој нема кажано ништо конкретно. Не мислам дека тоа ќе биде во скоро време“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО