На Државното карате првенство ќе биде жестоко кај мажите!

Martin Nestorovski poentira na EI vo Baku

Утре во Скопје се одржува Државното карате првенство за сениори, на кое се пријвени 81 натпреварувач од 19 клуба.

Поинтерсни ќе бидат натпреварите кај мажите, бидејќи има поголема конкуренција и по двајца до тројца се борат за шампионската титула и за место во репрезентацијата за Европското и Светското првенство.

Да поченеме со ред.

Emil vo pobednicka poza od EI

Во категоријата до 60 килограми (7 натпреварувачи) е неприкосновениот Емил Павлов од КК Штип, но на вратата на репрезентацијата се посилно чука јуниорот 21 Мартин Стојменов од КК Партизан-Кочани, а тука се и е Горан Николовски од Металург и Шабан Муртиши од Дрини.

Dean Crnicic

Најголемата гужва е во категоријата до 67 килограми (12 натперварувачи), каде што рамноправно за шампионаската титула ќе се борат младиот Адил Мехмед од Металург, Ненад Ќелебиќ од Цветан Димов, Ирфан Мисини од Башкими-Куманово, Дејан Црничиќ од Кеикс и Ико Ташов од Металург.

Ivo Cvetkovski na piedestal vo Turcija premiert

Исклучително квалитетни борби треба да се видат во категоријата до 75 кг (10 натпреварувачи), бидејќи тука се тазе освојувачот на бронзениот медал од ЕП во Лимасол за јуниори 21 Азиз Исмаил-Металург, потоа сребрениот од минатогодишното ЕП Петар Заборски-Макпетрол, најсискусниот и прв фаворит Иво Цветковски-Металург, како и искусните Халид Османи-Макпетрол, Енес Смаилагиќ-Цветан Димов и Тодор Ристесвкси-Спорт 94.

Simon vo akcija

Во македонската категорија, како што веќе е позната во светот, до 84 кг (8 натпреварувачи) со нетрпение се очекува боирбата меѓу „Големиот победник“ на Карате 1 Премиер лигат 2015, Симон Антиќ-Макпетрол и Берат Јакупи-Асиарт, која сака да си го вррати местото во репрезентацијата. Но, тука се и Виктор Крстевски-Металург, Сашко Патраклиев-Македонка и носителот на бронзениот медал од ЕП во Кипар Петар Спасеновски-Металург.

Zarko Arsovski

Кај тешкашите над 84 кг (10 натпреварувачи) најуспешниот каратист за минатата година, Мартин Несторовски-Металург, кој на ЕП и на ЕИ ги освои брозените медали ги чека на пресметка повратникот во оваа конкуренција Жарко Арсовски-Макпетрол, како и Дејан Павлов-Макпетрол и Семир Ќосовиќ –Металург.

kata tim reprezentacija2015-10-24 11.13.48

Во екипна конкуренција-мажи се очекува пресметка меѓу Металург и Макпетрол. Кај жените конкуренцијата е многу мала и може да го издвоиме судирот меѓу повратничката Марија Матракоска-Ронин и Симона Заборска-Макпетрол во -55 кг. Во делот на катите се очекува доминација на претставничките на Ронин, а кај мажите на Вардар, однонсо на Маријана и Мишела Димоски, Пуликсенија Јовановска, како и Ферри Исиќ.

Simona 2

Посебен предизвик за сите е борбата за место во репрезентацијата и првопласираните да патуваат на Балканското првенство во Истанбул за две недели.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО