Тефејуз и со технички проблеми остави добар впечаток во Карахманмараш

Nazmi Ali na karahmanmaras

Борачите на Тефејуз на силниот меѓународен турнир „Карахманмараш 2016“ во Турција извојуваа само едан победа, и тоа Амар Мурат во категоријата до 57 килограми.

Сепак, добар впечаток оставиле и младите борачи Армин Идризи -57 кг и Бехар Махмути 70 кг, додека Ертан Реџхепи -65 кг и Јетмир Имери 65 кг имале технички проблеми на аеродромот во Истанбул и не отпатувале во Карахманмараш, затоа што им ги згрешиле авионските билети.

На турнирот настапија борачи од 25 земји, како и многу силни домашни претставници. За прво место се доделуваше награда од три илјади долари, за второ две илјади и 500 за трето место, а ќе има две трети.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО