Добре Маринков: Ме избркаа од клубот, но не и од Федерацијата!

Dobre Marikov letna slika
Познато е дека Добре Маринков беше и претседател и тренер во Балканец. Тој е еден од најдобрите борачи на Балканец. Нема „влакно на јазикот“. Неодамна дојде до смена на раководството на Балканец. И, дојде до смена и на Маринков.
„Разделбата беше многу лоша. Што уште на моја адреса не ми беше кажано. Не го заслужив тоа и не го очекував. Не сакам никого да споменувам. Барем сега слободното време има да го минувам на лозјето. На ваков начин не можат да се смируваат работите во клубот“, вели Маринков.
Добре Маринков е член на УО на ФБСМ.
„На последното собрание на ФБСМ, новиот претседател Ванчо Чифлиганец ме предложи за член на УО, што е според Статутот. Претседателот има право да предложи шест члена во УО. Меѓу нив е и уште еден штипјанец, Трајче Димков. Деновиве до УО на ФБСМ дојде писмо од Балканец, во кое бараат од највисокиот орган да бидеме сменети јас и Димков, а на наше место предложија двајца нови членови од клубот. Ова барање беше одбиено, бидејќи Балканец може да предложи само еден член во УО. Значи, ние остануваме во УО, а Балканец треба да предложи уште еден член“, вели Маринков.
Инаку, Добре Маринков не е задоволен од работењето на органите во ФБСМ.
„Некои работи не се како треба во ФБСМ. Нема план за работа, нема извештаи. Тренерите не доставуваат ништо. На последната седница, секретарот на Федрацијата ги читаше извештаите. Јас предлагам вниманието да го насочиме кон младите борачи. Немаме борачи за ЛОИ во Рио. Треба да почнеме од почеток. Немаме ни систем на натпревари. Ете, утре во Радовиш ќе се одржи Изборно сениорско првенство, но како ќе се бодува и ќе има ли екипно првенство, куп натпревари“, додава Маринков.

Ipon.mk/К. М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО