МОК за шест спортисти ќе бара една вајлд карта за Олимпијадата во Токио

Управниот одбор на Македонскиот олимпсики комитет (МОК) донесе одлука една вајлд карта за Олимписките игри во Токио да бара за шестмина спортисти, по тројца во машка и во женска конкуренција.

Во машка конкуренција виза ќе се бара за Емил Павлов – карате, Дејан Георгиевски – таеквондо и Хамза Јашари –џудо (во игра бил и Гоце Јанески), а во женска за Пуликсенија Јованоска, Рајчел Стојанов –  ритмичка гимнастика и Анамарија Георгиевска – таеквондо.

https://youtu.be/N42lr4uVI80

Но сето ова е во случај ако по редвоен пат не освојат олимписка норма.

Македонија има право на една вајлд-карта. Ако Емил Павлов или Дејан Георгиевски освојат по редовен пат норма за ОИ, тогаш нивните спортови автоматски се бришат, односно се бара вајл-каратата во друг спорт.   

Од друга страна, пливањето и атлетиката добиваат по една сигурна вајлд карта за Олмпијадата.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО