Промо видео за Емилијаненко – Исмаилов пред АЦА 107

Чеченската организација АЦА се враќа во април со уште еден интересен настан. Во Москва на 3 април ќе го гледаме АЦА 107, на кој главна атракција ќе биде мечот во тешка категорија меѓу Александар Емелијаненко и Магомед Исмаилов.

Емилијаненко има скор 28-7-1 во ММА и е во серија од 5 последователни победи со нокаут. Тој не се борел во кафезот од август 2018 година, кога средбата со Тони Џонсон на ВФЦА 50 заврши нрешено. Во последниот настап Емелијаненко се качи во рингот и го победи со нокаут Михаил Коклјаев во борба по боксерските правила.

Исмаилов е со скор 15-2-1 во ММА и е во серија од 8 последователни победи, од кои повеќето се со завршница. Магомед пет години е без пораз во ММА, а и победи на 12 од последните 14 борби. Битката меѓу нив ветува спектакл, а организаторите го објавија првото промо видео за инспирација на фановите:

https://www.youtube.com/watch?v=EmvSMUFzWrk&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО