Френк Мир не успеа да изеде бургер со 20.000 калории, па доби неколку „воспитни“ по задникот (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френк Мир, ќе треба да изгуби многу тежина ако сака повторно да се натпреварува. Се чини дека не е заинтересиран за неговата тежина и претпочита да јаде наместо да гладува и да се бори во кафезот. Френк го посети ресторанот „Харт грил атак“ во Вегас и си порача „Octuple Bypass Burger” со 20.000 калории.

Мир не се справи со предизвик и изјави дека изгубил со завршница на тој импресивен бургер. 40-годишниот борец има скор 19-13 во ММА, а минатиот октомври со одлука на судиите го совлада Рој Нелсон, со што ја прекина серијата од четири последователни порази. Френк победи само во три од последните 11 борби во кафезот, а не е јасно дали повторно ќе го видиме во октагонот на Белатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО