Балкански првенстваКарате
Злато, сребро и бронза за Саздовски и Антонов на 4.Блаканско првенство на ВКЦ за ветерани во Дервента

Чедомир Саздовски и Мишел Антонов освоија три медали на 4.Блаканско првенство на ВКЦ за ветерани во Дервента, Босна и Херцеговина.
Саздовски освои златен медал во борби и сребрен во кати, а Антонов бронзен во кати поединечно во категорија над 41 година/ветерани.

За Антонов успехот претставува силен мотив за уште поголема посветеност, дисциплина и напредок на патот на каратето.

„Овој настап е и инспирација и мотивација за младите членови на Вадо рју карате до клуб Зрновци како потврда дека со упорност, карактер и верба се постигнуваат вредни резултати. На овој пат, секое движење е чекор кон мирот“, вели Антонов.



