АктуелноБорењеДомашна сцена

Парични награди на борачите за освоен медал на европските првенства за пионери и за кадети

Боречката федерација на Македонија на својата Фејсбук страница објави дека ќе доделува парични награди за освоени медали на европските првенства за пионери и кадети.

За освоен златен ќе се доделуваат 5000 евра, за сребрен 3000 и за бронзен 2000.

„За прв пат во историјата на македонското борење пионерите и кадетите ќе добијат парични награди за освоен медал од европските првенства.

Парите ќе бидат исклучиво од љубители на спортот, спонзори и донатори поттикнати од претседателот на Боречката федерацијата Дејан Богданов“, пишува во објавата на Боречката федерација.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON