Михаил Ангелевски со балканската титула навести дека е новата македонска таеквондо надеж

Михаил Ангелевски е новата надеж на Таеквондо клубот Корио од Кисела Вода и на македонското таеквондо. Десетгодишната напорна работа минатиот викнед ја круниса со балканската титула во кадетска конкуренција до 61 килограм на Балканското првенство во Сараево, Босна и Хрецеговина.

На Балканскиот шампионат Ангелевски забележа четири победи над противници од Грција, двајца од Босна и Херцеговина и Црна Гора, при што сите рунди беа завршени предвреме, со водство над 12 поени разлика. Неговата титула добива на тежина, затоа шт во финале го совлада минатогодишниот европски првак.

Тренерот Јане Стојчевски очекува Ангелевски да напредува и да прави големи резултати и во повозрасна конкуренција, но затоа ќе треба максимална посветеност и напорни тренинзи. Секако, цел се континенталните првенства.

На ова натпреварување медал освои и Александар Ангеловски, бронза во категорија 41кг со убедлива победа над натпреварувач од Грција и пораз од таеквондист од Турција, со резултат 2-1 го освои третото место. Иако не се закити со медал, одлична борба прикажа и третиот учесник, Ѓоргија Анѓелевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО