
Натпреварувачите на Таеквондо клубот Штип вчера по Балканскиот шампионат на силниот Меѓународен турнир Е2 серија Балкански куп за кадети и јуниори во Зрењанин, Србија, забележаа нови успеси, освојувајќи три медали – 1 златен и 2 бронзени.
Душица Бреслиева освои златен, Антонио Арсовски и Паола Арсовска бронзени ги освоија првите одличја во ваква конкуренција. Антопнио се истакнал со својата борба и се смета како нов голем потенцијал на клубот.

На турнирот настапија натпреварувачи од целиот свет со гал-лиценци.

„ТК Штип расте со квалитет, но главна наша цел се овие млади таеквондисти да резултираат на сениорските светски натпреварувања“, велат од клубот.



