Мек Грегор ќе се откаже од еден од појасите само под еден услов

konor-vo-kafez

Конор Мек Грегор објави дека е подготвен да се откаже шампионскиот појас во перо категорија, во случај да го победи Еди Алварез за титулата во лесна категорија на УФЦ 205 во ноември.

Ирецот сепак постави еден услов за тоа, имено – да му биде дозволено да го сними историското достигнување, станувајќи првиот борец во историјата на УФЦ кој во исто време ги држел титулите од две различни категории. Тој рече дека сака да се наслади на моментот и да направи фотографии на кои ги држи двата појаси истовремено – нешто што никој досега не го направил во УФЦ.

Еве што вели „Мистик Мек“ пред Спортс илсутрејтид:

„Да ги видам сликите во печатот на кои ги држам појасите на рамењата. Да добијам можност да ги кренам двата појаси во воздух, нешто што никогаш не е направено порано. Оставете ме да го направам. Секогаш ќе се согласам со вистинскиот бизнис потег и секогаш ќе го направам она што е коректно, но ајде прво да видам слики од себе со двата појаси и да уживам најмалку половина ден. Сакам да ги видам овие историски слики кои ќе ми бидат направени, држејќи ги двата шампионски појаси. За тоа се возбудија сите, тоа е историја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО