Еди Херн избувна: Кличко – Браун е срамно предавство на навивачите

dzosua-klicko-hern

Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, избувна против Владимир Кличко кој претпочита меч со Лукас Браун. Украинецот мораше да се бори со неговиот клиент на 10 декември. Преговорите беа во напредна фаза и се очекуваше официјализирање на средбата. Во последен момент Кличко направи пресврт.

„Разочарувачки е. Имавме подготвен договор, но Кличко настојуваше да ја вклучиме и титулата на Светската боксерска асоцијација. Во почетокот тој не беше особено загрижен за тоа. Слушам гласини за меч со Лукас Браун во Хамбург на 10 декември. Ова ќе биде одлично предавство на навивачите.

Ја очекуваме и одлуката на Светската боксерска асоцијација. Сепак, тоа е најголемиот меч во тешка категорија. Зошто не би сакале нивната титула да ја дадат на него? Можеби подлегнале на желбата на Кличко против кого сака да се бори? Можеби Владимир размислил за средбата со Џошуа, откако неколку лица, вклучувајќи го и Дејвид Хеј, прогнозираа дека тој ќе загуби со брутален нокаут?“, рече Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО