Мек Грегор доби понуда од Реал Мадрид за тренинзи (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор доби понуда да тренира со Реал Мадрид.

Серхио Рамос неодамна објави видео на социјалните мрежи, имитирајќи го одењето на Мек Грегор за време на тренинзите. Рамос го обележа Конор во видеото и го праша за мислење. „Озлогласениот“ беше задоволен од тоа што го виде и реши да му одговори на Рамос со видео во кое ги покажува неговите вештини на теренот.

За време на одморот во Франција, Конор тренираше со францускиот тим Блек Форџ ФК. Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос му понуди на Конор да тренира со легендарниот тим. Интересен факт е дека Хабиб Нурмагомедов, кој е поранешен ривал на Мек Грегор, е голем обожавател на „Белиот балет“.

Еве што може да направи Мек Грегор на терен:

https://www.instagram.com/p/CDEuGUEpRF2/

https://www.instagram.com/p/CCybawPCBS3/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО