Хабиб Нурмагомедов се врати на тренинзи (ФОТО)

Се појавија фотографии кои сведочат дека Хабиб Нурмагомедов повторно e во салата.

Нешто повеќе од три седмици по смртта на татко mu Абдулманап, Хабиб Нурмагомедов е повторно во салата. Шампионот во лесна категорија во УФЦ се врати на тренинзи, што е потврдено од последниот пост на Инстаграм на неговиот менаџер, Али Абделазиз, a истиот на крајот е споделena преку Инста sтори на Инстаграм профилот на Hабиб.

Објавени се четири фотографии на кои непоразениот Нурмагомедов може да го видиме во салата. Не се гледа мног, но фактот дека се врати на тренинг ќе израдува многу негови фанови.

https://www.instagram.com/p/CDGsJXEhDKF/?utm_source=ig_embed

До неодамна УФЦ очекуваше Хабиб да се бори против Џастин Гејџи на настанот УФЦ 253, што ќе се одржи на 19 септември, но во моментов никој не е сигурен колку е изводливо ова. Абделазиз неодамна изјави дека Хабиб сигурно ќе се бори оваа година, па му порачал на Гејџи во меѓувреме да се справи со Конор Мек Грегор. Ова укажува на тоа дека септември веќе е отпишан, но секогаш треба да се има предвид дека сето ова може да бидат медиумски игри.

Кога конечно ќе се организира следната борба, најважното прашање ќе биде во кое издание ќе се врати Хабиб, но многумина веруваат дека по смртта на неговиот татко тој ќе биде уште помотивиран и автоматски поопасен и подобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО