Рој Џонс: Ќе биде ризично против Тајсон, тој е огромен ѕвер

Рој Џонс Јуниор, боксерската легенда e следниот противник на Мајк Тајсон, кого го поситиветува со голем ѕвер и признава дека ризикува многу со влегувањето во рингот со Железниот Мајк кој по 15 години ќе го има првиот меч.

54-годишниот Тајсон потврди дека се враќа во рингот против 51-годишниот Џонс Јуниор и ќе се борат во Калифорнија на 12 септември во меч што ќе предизивика огромно внимание.

Ова е егзибициски меч од 8 рунди, но некои од боксерските критичари сметаат дека е преопасно за „старци“ да ги вркстат ракавиците. Самиот Џонс Јуниор признава дека моќта на Тајсон е загрижувачка.

„Тој има огромни нозе, огромни бутни мускули. Рацете исто така му се големи, како и вратот. Да, тоа ќе биде ризично, но Бог го контролира животот. Претходно, ги победував сите, без разлика на категоријата, така што одиме понатаму. Се работи за меч на Давид против Голијат. Тој е голем ѕвер, сите го знаеме тоа. Јас сум малиот Давид, но со Господ на мојата страна може да победам“, вели Џонс Јуниор.

Рој Џонс Јуниор во своите најдобри денови беше сметан за најдобриот боксер, без разлика на категоријата, но последен меч имаше во 2018 година. Во кариерата тој беше шампион во четири тежински категории – средна, суперсредна, средно тешка и тешка категорија и е единствен боксер во историјата што ја почнал кариерата во јуниор средна титула и стигнал до појас во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО