Мејведер парадира со ергелата на твитер!

ergelata na Mejveder

Најбогатиот спортист во светот – Флојд Мејведер Јуниор е познат по екстравагантни купувања и „широки прсти“. Може да се каже дека Флојд има повеќе пари отколку што би можел да потроши, но тој го подложува тоа на тест, правејќи откачени работи со парите.

Видете како ги троши парите најдобро платениот спортист во светот?

За 12 месеци, до 1 јуни 2014 година, заработил 105 милиони долари само од две боксерски средби. Боксерот има две флоти со луксузни автомобили. Сите автомобили во неговата куќа во Мајами се црни, а во неговата куќа во Лас Вегас се бели.

Фотографијата објавена од Мејведер на социјалната мрежа твитер, ја покажува приврзаноста кон богатството и неговата желба да го покаже тоа. На сликата се вели „Welcome to my world“ и на неа боксерот позира со неговите омилени автомобили, како и со приватниот авион.

 A. Ferrari 599 GTB Fiorano – проценета на 350 000 долари

B. Porsche 911 Turbo Cabriolet – проценета на 170 000 долари

C. Lamborghini Aventador LP 700-4 – проценето на 400 000 долари

D. Ferrari 458 Italia Spider – 260 000 долари

E. Флојд Мејведер – нето вредност на богатството 280 милиони долари

F. Ferrari 458 Italia Spider – оценет на 260 000 долари

G. Gulfstream GIII – проценува на 2 милиони долари

H. Bugatti Veyron Grand Sport – проценува на 1.9 милиони долари

I. Bugatti 16,4 Veyron – проценува на 1.3 милиони долари

J. Bugatti Veyron 16.4 – проценува на 1.3 милиони долари

Вкупната вредност на егзотичната колекција на автомобили на спортистот се проценува на 5.94 милиони долари. Ова сепак е капка во морето за богатството на боксерот во износ од 280 милиони долари, само на една од сметките држи 123 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО