Владимир Кличко ја лула ќерката

so bebeto klicko

Владимир Кличко не се одвојува ни за момент од новородената ќеркичка Каја – Евдокија. Наследничката на светскиот шампион во супертешка категорија во бокс се појави на виделина на 9 декември и оттогаш носителот на појасите во верзиите ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО не се разделува од неа.

Околу Нова година Влад имаше повеќе време за одмор и ја презеде речиси целосно грижата за бебето. Како што се гледа од оваа слика, која Кличко ја објави на инстаграм, тој не може да се нарадва на ќерка си и практично не ја испушта од раце. Освен за сонот на малата Каја, украинскиот боксер се грижи и да биде добро нахранета.

 holiday-babe1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО