Мани Пакијао нема да настапи на Олимписките игри

manny pacquiao-jaec

Мани Пакијао нема да учествува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Претставниците на боксерот информираа за одлуката на Боксерска сојуз на Филипините (ABAP), изјави извршниот директор Ед Пиксон за RingTV.com.

Пакијао одлучи дека неговата примарна цел  е исполнување на обврските во Сенатот.

ABAP побара Пакијао да се јавува до 27 мај, кога е последениот рок за пријавување на боксер за олимписките квалификации во Азербејџан кои почнуваат 11 јуни.

Филипинците засега имаат двајца боксери на Игрите – Рожен Ландон во полумува и Чарли Суарез во лесна категорија

Пакијао (37 г.) објави повлекување во април оваа година, откако го победи Тимоти Бредли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО