Даниел Стефановски утре се бори за титулата на Швајцарија во Арау (ВИДЕО)

Daniel Stefanovski plakat

Македонскиот борец (82,5 кг), Даниел Стефановски, кој живее Швајцарија, утре на Агровина фајт челинџ ќе се бори за титулата на оваа држава во MMA во ВФЦ верзија, а ќе се сретне со Кевин Бузер во Арау.

Стефановски има 20 години и до сега одработил 28 борби во К-1 и талјандски бокс и е европски првак во К-1.

Стефановски и Бузер ќе се борат во пет рунди од по три минути. Инаку Даниел е првак на Швајцарија во категоријата до 75 кг од 2013 година во тајландски бокс и европски првак од 2014 во верзијата ВПМЦ. На 9 јули ќе се бори за титулата европски првак во ИФЦ.

Daniel Stefanovski pozira

Покрај средбата на Стефановски и Бузер, утре во Шахенхале ќе има уште три меча за светски првак во ВФЦ во разни категории и уште два за првак на Швајцарија, како и уводните пет. На овие борба борците се претежно од Балканот.

Органзатор на настанот е клубот на Стефановски „Фајтџим“- клуб за ММА, борење, бразилско џиу-џицу и тајландски бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО