Поветкин позитивен на мелдониум и на Б-примерокот

Rjabinski i povetkin

Забранетата супстанца мелдониум е пронајдена и во „Б“ примерокот на рускиот боксер Александар Поветкин.

Како што е познато, Поветкин требаше на 21 мај во Москва да се бори против Американецот Дионте Вајлдер. Мечот беше за шампионската титула во верзија на Светски боксерски совет во супер тешка категорија.

Поради позитивен допинг примерок на Русинот средбата беше откажана.

Мелдониумот беше вклучен во листата на забранети супстанции од 1 јануари 2016 година Од почетокот на годинава десетици спортисти, главно руски и од земјите на поранешниот Советски Сојуз, дадоа позитивни примероци на оваа супстанца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО