Малинјаџи: Хабиб ќе го пензионира Конор

Поранешниот светски шампион во бокс, Поли Малинјаџи прогнозира лош развој нанастаните за Конор Мек Грегор во супердербито против Хабиб Нурмагомедов. Една од најочекуваните борби на годината во УФЦ ќе се одржи на 6 октомври.

Малинјаџи одлично го знае Ирецот. Тие направија спарринг како дел од боксерскиот меч на Мек Грегор со Флојд Мејведер. За време на загревањето на незаборавниот меч во 2017 година, Конор ги објави снимките со кои Малинјаџи го растури на сапрингот. Оттогаш не се во добри односи.

„Секој кој се разбира од бокс, знае дека Конор така и не можеше да ме надвладее во спарингот. Тој е добар нокаутер, кога станува збор за УФЦ, но не може да удира тешко. Станав од креветот и со леснотија поминав 12 рунди против него. Мек Грегор требаше да ја заврши својата кариера по мечот со Мејведер. Хабиб ќе го пензионира. Конор не е толку добар, колку што го сметаат“, рече Малинјаџи.

https://youtu.be/htGMJGhkNfI

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО