Поветкин: Тоа е една од последните шанси да станам светски шампион!

Руската машина во тешка категорија Александар Поветкин призна дека мечот со Ентони Џошуа е една од неговите последни шанси да стане светски шампион во тешка категорија. Тие се борат оваа сабота на стадионот Вембли во Лондон. Средбата е за три од светските титули.

„Спокоен сум. Во одлично расположение сум. Борбата секогаш е тешко искушение. Веќе сум 39 години. Може да се каже дека ова е една од последните можности да станам светски шампион. Се обидувам да заборавам дека средбата ќе биде во Лондон и ќе се фокусирам на борбата“, рече Поветкин кој пристигна на Островот во вторникот

Петок е официјалното мерење, кога последен пат ќе застанат да се соочат пред битката. Средбата ќе се емитува директно на англискиот канал Скај спорт и цената на претплатата е 20 фунти.

https://youtu.be/ZSuSgbC-kO0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО