Владимир Кличко ќе предава на Харвард

Легендарниот украински боксер Владимир Кличко, хегемонот во тешка категорија 10 години и олимписки шампион во 1996 година, добил покана да предава на еден од најпрестижните светски универзитети – Харвард.

Веста е објавена од страна на неговиот брат и градоначалник на Киев, Витали Кличко. Во изминатите 3-4 години, помладиот од браќата Кличко предава за Управување со предизвици на Универзитетот Сент Гален во Швајцарија. Од Харвард им се допаднал курсот на Владимир и неговите рецензии и го поканиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО