Макван Амирхани најавува враќање на Мек Грегор

Конор Мек Грегор не се борел откако загуби од Хабиб Нурмагомедов кон крајот на минатата година. Мек Грегор имаше за цел да се вртаи во јули, но ја повреди раката, а тоа ги одложи плановите. Макван Амирхани, кој е тимски колега на Ирецот, тврди дека ѕвездата наскоро ќе се врати и дека тренира индивидуално во теретана.

Амирхани смета дека Мек Грегор е гладен за настапи и дека неговата глад ќе го врати во кафезот и тоа ќе се случи на почетокот на следната година.

„На крајот на краиштата, мислам дека Конор знае дека парите не се тие што му угодуваат на спортистот. Многу сакаме да одиме во кафезот и да се натпреваруваме и мислам дека тој е гладен за тоа. Знае дека овие работи го прават животот посреќен и тоа е она што го сака Мек Грегор.

Јас навистина верувам дека ќе се врати. Неговата психа е на друго ниво. Конор направи неколку чекори назад, но сите правиме грешки и учиме од нив. Мислам дека ќе се врати и ќе биде поинаква личност.

Тој е во салата и напорно работи на подобрување. Мислам дека ќе се врати во кафезот во јанаури или во февруари 2020 година“, рече Амирхани.

https://www.instagram.com/p/B3HL_3vo6bW/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО