Енди Руиз сака настап на Олимпијадата

Светскиот шампион во тешка категорија Енди Руиз сака да се бори на Олимпијадата во Токио. Тоа е неговата следна цел по реваншот против Ентони Џошуа.

Супердербито ќе се одржи на 7 декември во Саудиска Арабија.

„Ќе ми биде голема чест да го претставувам Мексико на Олимпијадата“, коментира Руиз.

Сè уште не е јасно како Руиз ќе може да се квалификува за Олимпијадата. Проекциите започнуваат во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО