Легендарниот Емилијаненко: Се возам во метро, но никој не ме познава

Легендарниот ММА борец Федор Емелијаненко рече дека често се вози во метрото, но нема проблем со вниманието на другите патници. Русинот вели дека сите се толку задлабочени во телефоните што не го забележуваат и не го препознаваат.

„Патувам безбедно во метрото, затоа што никој не ме препознава. Не дека не знаат кој сум јас, туку само ги заглавиле главите во телефоните и не гледаат настрана. И тоа е добро за мене – не доаѓаат да сликаат цело време. Ги гледам нивните очи – со задоволство ги гледаат телефоните. Нивните очи станаа квадратни. Луѓето веќе се обзебмени“, рече Последниот император.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО