Татко му на Хабиб сака борба со Фергусон, а потоа и со Мек Грегор во Москва

Таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, истакна дека неговиот син треба да се бори против Тони Фергусон во Њујорк на почетокот од следната година, а потоа да направи втор меч со Конор Мек Грегор во Русија.

Абдулманап смета дека мечот меѓу Хабиб и Фергусон е единствен, затоа што во историјата на УФЦ никогаш немало борци кои имаат серија од 12 последователни победи.

„Ако Конор Мек Грегор сака да се бори во Москва, тогаш нема проблем. Русија го чека. Тој вели дека има повеќе фанови од нас во Москва. Можеме да го провериме ова во кафезот и сакаме да ја запознае Москва. Сепак, пред битката со Мек Грегор, ќе треба да ги решиме работите со Фергусон.

Тој и Хабиб се бореа 28 пати и имаат 12 директни победи. Никогаш немало борба меѓу УФЦ борците со вакви серии во историјата на УФЦ. Мислам дека средбата меѓу нив ќе се одржи по март 2020 година во Медисон сквер гарден“, истакна Абдулманап.

Доста често по медиумите, таткото на Хабиб вели дека тој сака да се пензионира од ММА и дека ова ќе бидат неговите последни 2 борби во октагонот. Ако се оди според планот, тогаш 2020 година ќе биде последна за Хабиб во кафезот.

https://www.instagram.com/p/B3H3QpUCvbr/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО