Домашна сценаКарате
Мајсторски тренинг во КК Аеродром

Карате клубот Аеродром на 22 мај организираше тренинг средба на карате мајсторите, на кој присуствуваа скоро пеесет членови кои во текот на 43 годишното постоење на клубот се стекнале со црн појас, прв дан.

„Одѕивот беше одличен со оглед на тоа што од голем број поранешни членови, клубот нема податок за контакт. Извесен број се и надвор од Македонија, но во секој случај оние кои се одѕваа (25%) беа исклучително задоволни со желба пак да се организира мајсторски тренинг“, вели тренерот Димче Јанковски кој е со члнеска книшка број 1 во Карате федерацијата на Македонија.



