Џон Фјури верува дека тоа е борецот што ќе го симне Усик од тронот

Реваншот меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа е закажан за 19 јули на Вембли. Непоразениот 38-годишен украински борец ќе се обиде против 11-годишни помладиот Британец повторно да ги обедини појасите за светски шампион во тешка категорија.
Усик, по двете победи над Тајсон Фјури, на овој меч ги носи титулите на ВБА (Супер), ВБЦ и ВБО, додека Британецот ќе ја стави на маса титулата на ИБФ, која успешно ја одбрани минатата година во меч против Ентони Џошуа.
Двајцата врвни тешкаши првпат се сретнаа во август 2023 година на настан во Полска, кога Украинецот победи со нокаут во деветата рунда.
Дубоа доживеа огромен подем по таа ноќ во Вроцлав, победувајќи ги со прекини Џарел Милер и Филип Хрговиќ, а потоа во септември минатата година го нокаутира во петтата рунда Еј-Џеј.
Таткото на Тајсон, Џон Фјури, верува дека времето на Усик поминало и дека Дубоа ќе го симне од тронот „остарениот“ Украинец.
„Среќно на Александар Усик, помина долго време. Даниел Дубоа ќе стане неприкосновен шампион. Тој дојде во тешка категорија од полутешка и со години добива силни удари. Ги искористи своите можности. Човекот има 38 години“, рече Џон Фјури и додаде:
„Дубоа е голем напаѓач и добро се вклопува. Одлично се бореше со Ентони Џошуа. Даниел има моќ да нокаутира противник. Кралот на Ромите во две борби го испразни резервоарот на Усик. Колку му остана? Дали е вистинско време за Дубоа? Мислам дека е. Се обложувам на него“.



