Мајк Тајсон кажа како би завршила пресметката со Мухамед Али

Мајк Тајсон е познат како еден од најдобрите боксери на сите времиња.

Многумина го сметаат „Челичниот Мајк“ како еден од најдобрите досега со Мухамед Али, а во неодамнешната симулација на еСпорт, Тајсон го победи Али на поени.

Тајсон го коментираше овој виртуелен турнир, тврдејќи дека нема да има шанса во реалниот живот против славниот Али.

– Знам дека тоа е само фантазија и само тука можам да победам. Не би имал шанса во вистинска борба. Али е најголемиот што досега се појавил, рече Тајсон.

И двајцата боксери поминаа повеќе од 20 години во рингот. Тајсон доби 50 од 58 борби, додека Али доби 56 од 61 борба.

Али почина во 2016 година на 74-годишна возраст, но неговите дела ќе останат засекогаш запаметени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО